-Мојот завршен збор ќе го завршам со изјавата на премиерот Зоран Заев дадена на ден 22.01.2021 година во емисијата „Трилинг“ на 24 вести.Пред да ја цитирам неговата изјава, знам дека Судот знае, а и целата македонска јавност дека јас сум единствениот човек од 45-та година наваму за кој во исто време пред овој суд се водат 8 кривични постапки, се пожали Миле Јанакиески на завршните зборови.

Заев изјавил:

„Нема правда ако не ја зборувате вистината од почеток до крај. Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски ниту се, ниту ќе бидат повеќе политичари. Што имам јас интерес да правам каклулации.

Миле Јанакиески веројатно ќе биде осуден за некој предмет, 7-8 има.

Но за ова, моја должност е да ја кажам вистината. Делото за кое се товари тој е над 10 години затвор. И сега те прашуваат во суд и треба да дадеш исказ и треба да ја дадеш вистината.

За мене, политички, ако ги осудат на 15-20 години, е аргумент плус.

Меѓутоа, правда ли е ако знаеш нешто, а не го кажеш. Голем дел од организаторите се во затвор, Чавков, Нинџи, минџи и сите што беа внатре што даваа инструкции.

Правда не е само ако се водите како ви одговара на вашата политичка гарнитура, туку ќе се исправите пред суд и ќе кажете сè што мислите, за да може и на тој суд да му стане јасно да носи мерливи податоци.

-Многу често нашата болка е судиите гледаат да учинат на власта, не бе, не треба да учинат на никој.“