Да не се заборави, објави на својот фејсбук-профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев по повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци. По тој повод денеска во Кавадарци ќе се одржи свечена академија во Домот на културата „Иван Мазов Климе“, со почеток од 19 часот.

Утре градоначалникот Митко Јанчев и членовите на Советот на Општина Кавадарци ќе бидат во Моклиште, пред споменикот на 12-те ваташки младинци каде ќе се одржи чествување по повод 80 години од нивното стрелање.

Покрај положувањето цвеќе на споменикот, ќе бидат откриени 12-те бисти на младинците и ќе се отвори Спомен собата. Најавена е и пригодна културна програма за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.

Во Моклиште најавено е и присуството на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО–ДПМНЕ, како и на Бисера Костадиновска–Стојчевска, актуелната министерка за култура.

На 16 јуни 1943 година од бугарскиот фашистички окупатор беа убиени 12 младинци.