После 10 месеци изведба, успеавме да го отвориме градскиот зелен пазар, нов зелен пазар. За првпат изграден во општина Кавадарци после 60 години, изјави денеска градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
-Заедно со советниците и со граѓаните на општина Кавадарци успеавме овој зелен пазар за десет месеци како што кажав да биде изграден. И тоа на три нивоа, по 2.300 м2, со 140 паркинг места, 170 тезги за пазарење соодветни по ХАСАП стандард, и 18 места за продажба со 6 разни либертини во делот на риба, месо, млеко и млечни производи. Така да денеска сакам да го поздравам и претседателот, Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ за неговото присуство. И сакам да кажам дека е ова една сериозна градба и една капитална инвестиција која што за жал во Република Македонија е се помалку се случува. И ова нека биде предизвик да почнеме да се движиме и напред и како држава, меѓутоа и како општина каде што во текот на наредниот период ќе објавиме уште две сериозни капитални инвестиции, нагласува Јанчев.
Општина Кавадарци е во добра кондиција. Општина Кавадарци е во прави раце, и мислам дека со развојот ќе стигнеме до една општина каде што ќе имаме ниво на град од европски тип.