Како што соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, се подготвува асфалтирање на површина од 3100 м2.
-Подготовки за асфалтирање на ул. ,,Домовица’’ на површина од 3100 м2, каде дополнително ќе се постави и атмосферска канализација на потег од 200 метри квадратни.
Истовремено ќе се изгради и улица ,,14’’ на површина од 1500 метри квадратни.
За убаво Кавадарци, Кавадарци за сите, објави Јанчев на Фејсбук.