Директорот на БЈБ, Јанев: Се надевам дека тие што шират невистини ќе имаат доблест да се извинат
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска даде краток коментар за предметот кој против него се води во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а кој се однесува на сомнежи во легалноста на неговата магистерска диплома.
– Не би сакал да навлегувам во деталите, ниту да влијаам на постапката. Се работи на предмет во ДКСК и ги оставам службите да си ја завршат својата работа. Се надевам дека тие што шират невистини ќе имаат доблест да се извинат – изјави Јанев, по денешната презентација на Националниот концепт за полициско работење во заедницата.
СДСМ со обвинувања
Случајот беше отворен по реакција на СДСМ, кои пред десетина дена обвинија дека магистерската диплома на Јанев е потенцијално незаконска. Според партијата, таа диплома е услов за функцијата што ја извршува, а нејзината легитимност е доведена под сомнеж.
Извор: Плусинфо