Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јанев најавената потреба од правосудна реформа е нешто што сите Бугари во моментов го очекуваат.
-Во многу од изјавите се слушнаа приоритетите, визии кои се совпаѓаат со оние што ги почна привремената влада, како во однос на трошењето јавни средства, здравствената заштита, така и во образованието, бизнисот и нејзината поддршка, рече Јанев.
Тој не ја исклучи можноста некои од министрите од привремената влада да бидат дел од новата влада на Бугарија.