Министре Шаќири, Слушам од МОН се јавуваат кај директорите и притискаат да почне настава. Како кога наставниците се во штрајк? Директорите пак се јавуваат на класните, се закануваат и бараат да ги повикаат учениците на настава. Како кога наставниците се во штрајк?, прашува професорката Весна Јаневска..

Се јавувате и велите дека за овој месец ќе исплатите само придонеси? Од каде знаете кога ќе прекине штрајкот? Кога ќе одработуваат наставниците, тоа што е пропуштено, ќе им ја исплатите платата?
Едно објаснување до ДИРЕКТОРИТЕ:
РАБОТОДАВАЧ во училиштето е ДИРЕКТОРОТ. Ако не исплати плати по колективен договор, ДИРЕКТОРОТ ќе се соочи со илјадници ТУЖБИ од наставниците. ТУЖБИ може да добие и за вршење вулгарни притисоци со закани за бркање од работа.
Значи Министре, објаснете им на дитекторите, кои ги притискате, дека на крај тие ќе се соочат со проблеми и ќе го извлечат подебелиот крај, не Вие.
Во Струмица претеравте со се’. Знаете ли како се однесуваат таму кон наставниците? Дополнително, се прашувам што барате во Чаир на состанок со наставници? Што тоа Вие имате да им кажете? Едино што може да им кажете е дека ќе ја покачите платата за 18% и дека и за овој месец ќе им исплатите цела плата!, порача таа.