Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да практикува лицемерие и неправда и самоволие во државата. Ја информирам јавноста, но и МВР, а и Владата доколку не знае, а треба да знае затоа што тие ја донеле одлуката, дека на местото директор на Државниот просветен инспекторат е поставена личност која по закон не ги исполнува условите. Директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фаратов дипломирал на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово на студиска програма Труд и социјална политка и магистрирал на тема „Државниот инспекторат за администрација на Република Македонија“. Од насловот на темата не може да се заклучи за истражувањето, но тоа е работа на менторот и рецензенската комисија, ние зборуваме за друго, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Во својата биографија Директорот на Државниот просветен инспекторат додал дека има работно искуство:
-Од 2012-2021 година во Секретаријат за спроведување на Рамковен договор;
-Од 2021- 2023 во Служба за општи и заеднички работи на Владата;
И 2023 година тој е именуван за Директор на Државниот просветен инспекторат.
Почитувани, членот 5 став 2 од Законот за просветна инспекција вели: За директор на Државниот просветен инспекторат може да биде именувано лице кое има високо образование, што има, и најмалку пет години педагошко работно искуство во воспитанието и образованието. Потенцирам 5 години педагошко работно искуство во воспитание и образование. Директорот Халит Ферати нема 5 години педагошко работно искуство во образование и воспитание. Директорот на Државен просветен инспекторат кој треба да ги надгледува и корегира процесите во образованието противправно е именуван за директор на важна државна институција.
Веројатно баш затоа во моментот создава хаос и води хајка против некои од најдобрите инспектори во инспекторатот.
Поради се ова што го кажав го повикувм МВР, а и Јавниот обвинител да постапи по закон и да поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност по членот 353 од Кривичниот законик на цела Влада (член 5 став 1 од истиот закон), затоа што таа цела Влада на Република Македонија го именува директорот кој не исполнува услови за да ја врши таа функција -истакна Јаневска.
Според неа Владата останува глува на примедбите и препораките на нашите стратешки пријатели, а состојбата се менува на полошо.
Таа е глува и за коментарите и апелите на опозицијата, но и на народот. Уште еден доказ за партизација и нелегално работење е објавата на Комисијата за образование и наука на СДСМ во која се вели дека Комисијата во месец јули и август е во постојатна координација со МОН и БРО за подготовка на насоки и упатства за наставниците во основните училишта со фокус на многубројните прашања од кои се издвојува Концепцијата. Значи МОН и БРО секојдневно се координирани од Комисијата на СДСМ, класична политизација на интитуциите. Дополнително, Концепцијата има нерешени прашања. Така е и ние така тврдиме, и постојано тврдевме. Сега Комисијата на СДСМ давала препораки, мислење и стручност за изнаоѓање на решенија и предлози за подобро организирање на наставата. Значи МОН и БРО не се способни да си вршат работата, па комисијата на СДСМ мора да им помага или во прашање е диктатура над двете институции со цел да се сокрие срамот за неуспешната Концепција која ја донесе нивната министерка, Мила Царовска. Владата секојдневно го засилува нелегалното работење и партизацијата на институциите со злоупотреба на моќ при што врши булинг и терор на цел еден народ. Што е многу многу е и доста е – рече на крајот Јаневска.