Министре Шаќири, Државен испитен центар, На инфлација од 14% во земјата вие сте ја покачиле цената за приговори на матурантите од 1500 денари на 2500 денари. Не мислите дека сте претерале?, пишува на социјалните мрежи професорката Весна Јаневка.
Во продолжение нејзиниот статус
Со оглед на тоа дека матуранти се жалат и за грешки во пресметување на перцентилите и имаат право на увид на резултатите, би било ЧОВЕЧКИ да помислите на висината на надоместокот. Два предмети по 2500 денари се 5000 денари, повеќе од една четвртина од минималната плата. Разумно ли е ова?
Министре, наместо да се грижите за учебници, ученички стандард, подобри наставни програми и услови за стекнување компетенции вие дозволувате цели семејства да страдаат и буквално да гладуваат за нивните деца да остварат право на увид?
ДИЦ неспособноста да спроведете матура по правила и можните грешки во прегледувањето сега најсебично и неразумно ги наплаќате од децата. Морално ли е тоа?
СРАМОТА!, пишува на социјалата мрежа на Фејсбук Проф д-р Весна Јаневска.