Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека, поради нерамномерната распределба на наставниците низ училиштата, ќе се спроведе прераспределба на кадарот, но без губење на работни места.
„Во некои училишта има повеќе паралелки со 10 до 15 ученици, што доведува до вишок наставници, додека во други училишта има недостаток на кадар. Ќе правиме прераспределба од местата каде што има вишок, кон општините каде што тие недостасуваат“, изјави Јаневска.
Како ќе се одвива прераспределбата?
- Наставниците нема да останат без работа, туку ќе бидат префрлени во други училишта во истата или соседна општина.
- Промените ќе се спроведат со координација меѓу Министерството, локалната самоуправа и менаџерите на училиштата.
- Најголеми ротации се очекуваат во Скопје и околните општини.
Според Јаневска, оваа реформа е дел од подготовките за воведување на едносменска настава и има за цел поефикасно искористување на наставниот кадар.
Извор: Plusinfo