Мене појавата на оваа фејсбук група „Учебници и настава треба да има“, воопшто не ме изненади. За тоа што имаше бројни реакции на социјалните мрежи но и заради гласините кои што стигнуваат до мене има огромно незадоволство и од родителите, наставниците, но и од учениците. Таа фејсбук група во рок од неколку дена достигна околу 76.000 члена, што е сигурен знак дека народот односно оние кои што се осмелиле да реагираат имаат и безброј прашања, но имаат и цврсти ставови во однос на дигитализацијата“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Јаневска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, ниту сака, ниту може да му забрани на било кој член, наставник, родител, па и од младите ученици да отидат на протест.
„Дали го подржуваме протестот? Начелно да, нашите ставови ни се исти, ние долго време уште од март месец наваму кога веќе се појавија концепцијата, па потоа Законот за учебници, па Законот за наставници промовираме речиси идентични ставови во однос на зачувување на печатените книги, и за настава од септември во училница и на учениците и на наставниците“, рече Јаневска.
Јаневска посочи дека ниту еднаш власта не го послуша гласот на ВМРО-ДПМНЕ, иако ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија и пресови апелира дека реформите на Царовска се штетни за учениците, наставниците, за целиот образовен систем.