Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ја отвори големата регионална конференција во Скопје посветена на интернационализацијата на високото образование на Западен Балкан. Таа порача дека во време на глобални промени, квалитетното образование е клучниот столб за отпорноста на македонската економија.

Високото образование треба да обезбеди нашите општества да се развиваат и управуваат врз основа на фактичко знаење, како и на расудување и творечко размислување. Вакви универзитети се цел на сите нас во регионот“, истакна Јаневска.

Министерката во својот говор посебно се осврна на проблемот со иселувањето на кадрите, нагласувајќи дека мобилноста не смее да значи дефинитивно заминување. Според неа, клучот е во претворање на „одливот на мозоци“ во нивна циркулација.

Не е целта да спречиме мобилност, туку да ја претвориме во процес во кој студентите и професорите заминуваат, но се враќаат со нови знаења, контакти и идеи. Така, интернационализацијата не ја осиромашува нашата академска заедница, туку ја збогатува и ја прави поконкурентна“, додаде таа.