„Би сакала да го честитам на сите граѓани 11-ти Октомври, еден од најзначајните празници во нашата држава. 11-ти Октомври не е само симбол за борба против фашизмот, 11-ти Октомври е симбол за наше национално ослободување. И затоа да е вечен и вековит“, порача Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“, која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
„Огромно е значењето на историјата и на образованието во формирањето и на младите, зрели, корисни личности и за себе и за себе и за општеството и во формирањето и одредувањето на целите на една држава. Јас вообичаено кога се наоѓаме на средби помали велам родителот не е обврзан да знае се, тој е обврзан да го воспита детето, меѓутоа училиштето е тоа кое од него треба да направи лојален граѓанин на државата“, рече Јаневска.
Јаневска додаде дека македонскиот народ не е од вчера и не е од 1945-та. И образованието на македонскиот народ не почнува така како што вели бугарската страна. Туку почнува многу, многу одамна во црковните ќелии уште во Средновековието, кога тие црковни ќелии почнале да го користат народниот јазик. Но, уште тогаш Македонците се собирале за да се разберат на својот јазик и да им ги прераскажат приказните на своите деца на народниот македонски јазик.
„Во времето на преродбата, значи доцниот 17-ти век, почетокот на 18-ти век веќе се јавуваат нашите преродбеници и тогаш се кристализира и почнува да излегува од маглата и јавно да се обзнанува она што тлеело во душата на народот, а тоа е националното осознавање, македонскиот јазик и идејата за формирање на национална држава“, појасни професорката Јаневска.
„Кога некој се обидува да ја преземе туѓата историја, значи ја презема државата и го презема народот. Тие всушност и не велат ја преземаме државата, велат нека ви стои државата ние ви ја признавме, ама не го признаваме народот и не го признаваме јазикот. И замислете која е таа Влада која има право да рече да ние ќе правиме договори во однос на нашата историја и нашиот јазик. Зошто е важна историјата? Историјата е исклучиво значајна затоа што таа се наоѓа во нашата колективна свест, во приказните на нашите баби и дедовци, ние сме тоа што тие не учеле, а сега што училиштето, наставниците и професорите се ред не учат“, појасни Јаневска.
Таа нагласи дека ова што се случуваше во изминатиот период со учебниците и бришењето на историјата е атак на државата и тоа од внатре за жал.
„Дали е тоа направено од незнаење можеби, но дури и од незнаење да е направено, а можеби и не е, не е за оправдување и не е за простување“, рече Јаневска.
Таа нагласи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт историја ќе се изучува како посебен предмет за да се чуваат и негуваат не само корените туку и дрвото кое расте.
„Образованието не е само историја, образованието опфаќа огромен број на сегменти кои треба да формираат една здрава личност и де факто учителите се оние кои треба да го модулираат мислењето на младите. Што треба да им донесе образованието? И зошто образованието е мост меѓу минатото и иднината? Образованието треба на младите од историски аспект да им покаже од каде потекнуваат, но образованието треба и да им каже кои се, што претставуваат, каде тргнале, каде треба да одат, кои се целите“, рече таа.
Јаневска истакна дека оваа власт и прави штета на нацијата бидејќи забранува учебник. Но, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ ќе има учебници за секое дете.
„Овие последни години во образованието се случуваат такви крахови што факт е и самите родители дома забележуваат и наставниците јавно кажуваат, децата не ги постигнуваат потребните знаења, вештини и компетенции“, појасни Јаневска.
Таа нагласи она што се случува во основното и средното образование е резултат е на комплетниот крах што се случи на образованиот систем со владеење на ДУИ и