Проектот на власта за образованието тврдам дека е пропаднат. Значи проектот за да ви биде успешен треба да функционира на целата територија на Македонија. Не можеме ние да влечеме заклучоци според едно централно училиште во Скопје кое е супер модерно опремено, каде што е избран кадарот, па дури и учениците бидејќи понекогаш се врши и селекција.И не можеме ние да кажеме дека тоа е успешен проект. Нема покриеност на мрежата со интернет низ целата територија. За жал има недостаток на струја, а сега ни прети уште поголем недостаток на струја со оваа криза, појасни Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на Алфа телевизија.

Јаневска запраша како со кризата на струјата децата ќе учат на таблетите.

-Јас 100 пати сум кажала, ние немаме ништо против дигитални учебници, напротив тоа е тренд во светот, ние сме свесни дека такво нешто е модерно, дека децата можат да имаат бенефит од тоа, па и наставниците. Но, не можете вие се извинувам на примерот, да внесете слон во продавница со кристал, и знаете што ќе се случи. Е, токму тоа нас ни се случува, дигитализацијава е огромното достигнување кое би требале да го постигнеме, а нас ние нежна и кршлива целата инфраструктура, несоодветни училишта, нема смарт табли, нема ИТ опрема, нема ниту тоалети за жал, но еве да речеме дека тоа постепено ќе се средува, сега се надевам забрзано ќе се средува во некои општини. Настрана се од тоа, многу се важни и наставниците, тие се жртви на разно разни реформи и на несоодветни обуки, рече Јаневска.

Јаневска додаде дека прво и основно за да успее некоја реформа, прво треба да биде прифатена од наставниците и да бидат соодветно обучени.