Јаневска истакна дека за една година се изградени 7 нови училишта, реконструирани 20 и се градат 4 спортски сали, во рамки на проектите на Министерството за образование
Во рамки на денешниот саем за отчет под мотото „4 години работа за тебе“, се одржа трибина на тема „600 милиони евра за развој и локален прогрес“. Свое обраќање имаше министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем. Јаневска нагласи дека за само една година се реализирани проекти во вредност од 67 милиони евра. И изградени се 7 нови училишта.
„За само една година од добивањето на мандатот на оваа Влада, ние отпочнавме и реализираме проекти во вредност од 67 милиони евра. Значи, во првата година, само со средства од Министерството за образование и наука, ние покривме проекти вредни 32 милиони евра“, рече Јаневска.
Таа посочи дека во тој период реконструирани се 20 други училишта и се градат 4 спортски сали.
„Изградивме 7 објекти, де факто 7 нови училишта, но во склоп на претходно постојните училишта. Во истиот период реконструиравме 20 други останати училишта и започнавме изградба на 4 спортски сали во Аеродром, Кисела Вода, Струга и Липково. Овој резултат покажува дека оваа Влада не прави разлика во однос на локалната управа, туку води грижа исклучиво за граѓаните“, нагласи Јаневска.