Доскорешниот директор на Ад пошта, Јани Макрадули, во својот анкетен лист дополнил дека од лани, односно од 2021, како личен имот поседува автомобил BMW X1 во вредност од 2.381.225 денари, или безмалку 40.000 евра, преку договор за купопродажба.
Макрадули оред два месеци беше разрешен од функцијата прв човек на Македонска пошта веднаш по приведувањето на владиниот генерален секретар Мухамед Зекири, за склучување на договор без јавна постапка за физибилити студија за приватизација на ова акционерско друштво во државна сопственост.
Во имотниот лист Макрадули има и кредит од 861.528 денари подигнат во 2021.