Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, по три години поминати во затвор, ги прослави празниците со своето семејство. На својот фејзбук профил таа објави слика со нејзиниот син Петар и сопругот Влатко Илиевски.
„Христос се роди! Навистина се роди! Честит Божиќ!“, напиша таа.
Таа последен пап за Бадник објави фотографија на „Фејсбук“ во 2014 година како го подготвува лепчето. По три години и еден месец минати во затвор, ексминистерката излезе од „Идризово“.
Осудена беше на четири години затвор во септември 2020 година за предметот „Тенк“.