„Она што многу повеќе ме изненади е тоа што ВД премиерот иако е тука цело време со нас, седи и како не слуша во ниту еден момент не најде засходно да излезе, а видовме дека и знае и да се јави на реплика, да каже зошто предлага разрешување на министрите. Можеби смета дека едноставно како пратеници или како јавност не заслужуваме да знаеме. Од друга страна ги гледаме пратениците од владејачкото мнозинство како од петни жили се обидуваат да оправдаат дали е тоа образование, дали ова што се случуваше со Фондот за здравство“, истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Јанушев додаде дека оваа Влада ниту има програма, ниту реализира нешто. Да има натпревар во неспособност дури и тогаш власта ќе го освои второто место по неспособност бидејќи се толку многу неспособни.

„И она што исто така не најдовте засходно да го коментирате е последните бројки кои што пред некој ден излегоа на истражувањето на „Детектор“ каде што вели дека дури 71% од граѓаните во државата не му веруваат на ефикасноста во судството“, нагласи пратеникот.

Тој посочи дека власта две недели молчеше за она што се случуваше на Фондот за здравство.

„Во моментов знаеме кон не е сигурен во себе, знаеме какви се бројките и затоа некои бегаат од избори“, нагласи Јанушев.