Игор Јанушев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување во поткастот насловен како „На кавга со Иван/На кавга со Мирчевски “апелираше до надлежните да го проверат имотот на судии, конкретно на судијата Осман Шабани.
„Нека го проверат имотот на судечкиот судија, во мојот предмет, Осман Шабани. Или нека ја проверат неговата куќа во Сарај за која имам сериозни индиции дека е дивоградба. Нека го проверат и возилото кое го вози“, рече Јанушев.
Јанушев укажа дека возилото може да се провери или види секој ден пред Апелацискиот суд.
„Возилото е паркирано со интересна џемсбондовска регистерска табличка 001. За истото треба да се провери на чие име е пријавено и кој го вози“, посочи Јанушев.
Судијата Осман Шабани беше судечки судија во предметот за наводно фаворизирање на економскиот кинески оператор, а Јанушев беше осомничен како член на комисија во рамки на тогашното Министерството за транспорт и врски. Во предметот како што информираше Јанушев, за него не беше наведена ниту сума за која нанел штета на државниот Буџет, а ниту тој беше обвинет.