Јанушев потенцираше дека минатиот четврток се случил преседан и срамен чин, а непојавувањето на Реџепи во Собранието само покажува до кое ниво е пуштен режимот насекаде во државата, па и до пратениците во Собранието. Тој додава дека доколку Кастриот Реџепи не бил киднапиран, требал да дојде во Собранието и да образложи зошто нема да гласа за доверба на Владата, а не мистериозно да исчезне.
Јанушев вели дека играта која што Заев и Реџепи ја изиграле е апсолутно губитничка и поразителна, а ваквиот начин на спречување на спроведување на волјата на народот е само мотив плус за граѓаните да ги казнат и на наредните парламентарни избори. Мнозинството од граѓаните кажаа што сакаат и кому веруваат, односно ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 100.000 гласови разлика. Ова е бројка која само укажува на тоа на колку голема врата се врати ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори.
– Заев можеби смета дека со киднапирање советници ќе се одржи на власт и дека нема да одговара за сите лоши политики, но реалноста не е воопшто таква. Еднаш изиграа задкулисно и дрско, но втор пат тоа нема да се дозволи. Народот гледа на што се е спремен Зоран Заев и токму поради тоа тој ќе биде казнет. Опозицискиот блок окрупнува и тоа ќе се види за многу скоро време. Дегутантните изјави на Реџепи се показател за очајот и стравот кои владеат во редовите на политичките партии од власта, но тие ќе мораат да се соочат со гневот на народот. Од народот бегање нема, заврши Јанушев.