Откако летово петтиот бран го доведе здравствениот систем во Јапонија на работ на фунцкионирање , бројот на новозаболени и починати драстично се намали откако повеќе од 70 отсто од населението беа вакцинирани.
Минатиот месец беа укинати антиковид мерките кои важеа за речиси целата земја, но здравствените експерти предупредуваат дека бројот на заболени повторно ќе се зголеми, како што беше случајот во Јапонија минатата зима.
Јапонската влада во пресрет на зимата планира да го зголеми капацитетот на болничките кревети за 30 отсто, да ја зајакне заштитата во домовите за стари лица и да собира податоци кои би предвиделе кои болници ќе бидат под притисок на новозозаболени .
-Паралелно со зајакнувањето на медицинскиот систем, од декември ќе користиме ИТ системи за да и откриеме на јавноста колку кревети има во болниците и условите во секоја здравствена установа, изјави јапонскиот премиер Кишида .
Бустер-вакцините ќе бидат достапни од следниот месец, а владата размислува да ги дистрибуира на деца на возраст од пет години, соопшти јапонската влада.