Јапонија ќе го замрзне имотот на уште 25 руски државјани и ќе го забрани извозот во 81 руска организација, објави јапонското Министерство за финансии.
Со ова, вкупниот број санкционирани Руси се искачи на 101 лице.
Меѓу новите 25 санкционирани се и Игор Шувалов, поранешен заменик на рускиот премиер и претседател на голема државна банка, како и пет братучеди на олигархот Сергеј Чемезов.