-Паметиме, се сеќаваме и нема никогаш да заборавиме дека истите што ни ја урнисаа државата и општината, немаат ниту знаење, ниту капацитет за да го одржуваат тоа што го создадоа и изградија тие пред нив, а не пак да изградат или исполнат нешто од она што тие го ветуваа. Конкретно, карпошовото културно лето го сведоа на еднодневен настан со неколку непрепознатливи бледи содржини, вели Јаревски.
Културата и уметниците, не само во општина Карпош туку во цела Македонија, се на колена. Во овие кризни времиња не само што не се финансиски поддржани туку се и целосно игнорирани. Како да не постојат.
-Потребно е будење. Потребно е да ја вратиме културата во секојдневието во општина Карпош. Потребно е Карпошово културно “востание”. Потребно е, преку културни настани, да се подигне свеста на граѓаните за неспособноста на локалните власти.Ова Карпошово културно “востание” има за цел да ја збогати културната понуда за граѓаните на Карпош, бидејќи Карпошовото културно лето на општина Карпош не ја обезбедува.Затоа ние на жителите на Карпош, но и на цело Скопје во текот на летото, ќе им понудиме серија на културни збиднувања и содржини и ќе им овозможиме Карпошово културно лето како што доликува и како што треба да биде! Повеќе еминентни македонски уметници веќе изразија интерес за учество на оваа манифестација, вели Јаревски.
Јаревски ги повика сите уметници кои сметаат дека се понижени, запоставени и обезвреднети да се приклучат на ова културно “востание” и дадат свој придонес и остават свој белег на културното живеење во Карпош и во Скопје.