Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ Јаревски му одговори на првиот вице премиер Артан Груби, кој вчера ја обвини опозицијата дека шири лажни вести за изградбата на Коридорите 8 и 10-д и дека со блокадата во Собранието само ја поскапуваат и пролонгираат изградбата но, не може да ја запрат.

Јаревски денеска вели дека Бехтел и Енка во Србија учествуваше на тендер со дупло поевтини суми од тука.. Според него во Србија имало тендер, а кај нас договорот е склучен во четири очи..

Километар автопат во Србија вреди 7 милиони евра, а во Македонија 20 милиони евра, вели Јаревски.