НАПАДНАЛ ПОЛИЦИЈА И МУ БИЛ НАЈДЕН ГЛОК СО ПОЛН ШАРЖЕР! – Ситуација чиста како бел ден.
Ама, сценариото е такво што мора сите волци да си ја покажат кожата.
Еве, јасно и без ракавици, без никаква дилема:
АПАСИЕВ РАБОТИ ЗА СДСМ!, искоментира новинарот  Љупчо Златев на социјалните мрежи.

СДСМ со барање –  новинарот Салиу да биде ослободен

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро го осудува апсењето на новинарот Фуркан Салиу и бара негово ослободување, изјави вечерва на прес-конференција портпаролот и пратеник од редовите на СДСМ, Дарко Каевски.

Според Каевски, апсењето следи откако новинарот Салиу објави афера директно поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и претставува обид за замолчување и заплашување на новинарите.

– Ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници назначени од страна техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ, дале наредба за апсење на новинарот Салиу. Ова е загрозување на слободата, демократија, слободата на говор загарантирана со Устав. Директен и брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работат за јавниот интерес, рече Каевски.

За седум години власт на СДСМ, Каевски вели, не само што нема ниту еден уапсен новинар, туку донесени се низа законски решенија со кои се гарантираат правата и заштитата на новинарите.

–ВМРО-ДПМНЕ за само два месеци покажа како планира да ја практиува власта доколку ја добие – со сила. Во демократска држава во април мириса на пролет, а со ВМРО-ДПМНЕ на чело на МВР мириса на режим, додаде Каевски.

Посочи дека апсењето на новинарот Салиу укажува дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што рече, се уште се свежи сеќавањата за апсењето на новинарот Кежаровски.

– СДСМ бара новинарот веднаш да биде ослободен. Заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капа на ДПМНЕ мора да прекине. Заедно со граѓаните ќе направиме се што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму, а полициската бруталност да биде спречена, изјави Каевски.