Тој анализирајќи ги состојбите во државата, посочува дека Македонија ги живее најтешките години, бидејќи граѓаните се сведоци на самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и скандали.
Македонија ги живее најтешките години од нејзиното постоење, лошо е и за Македонците, Албанците, Ромите и Власите, Србите, Бошњаците, Турците, лошо е за сите заедници во Македонија.
Се иселуваат и Македонци и Албанци. Се иселуваат и од Струга и од Делчево, од Враништа и од Велешта, од Радожда и Радолишта итн… Конкретно од Струга може да се направи цел профил на владеењето на власта. Гледаме самоволие и еден локален шериф кој е полн со афери и криминални и коруптивни скандали. Неспособноста на дуото на власт ја испразни Македонија и затоа, само вака обединети можеме да ставиме крај на тоа.
Силна и обединета опозиција значи крај за СДС и ДУИ. Силна опозиција значи многу брза транзиција на власта и силна Македонија, а секој оној кој нема да се приклучи кон овој блок ќе придонесе за останување на Заев на власт – напиша Јаулески.