На јавната дебата претставниците на здруженија на граѓани имаа можност да дадат свое видување и сугестии за предлог приоритетните области кои ќе бидат вклучени во насоките за поднесување проекти по јавниот повик, кој што ќе биде дополнително објавен.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола посoчуваат дека приоритетни области за 2022 година за Општина Битола се заштита на животната средина, културното наследство, социјалната кохезија и намалување на сиромаштијата и младински иницијативи.

Присутните на јавната дебата ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и им најави транспарентно доделување на финансиски средства, зајакнување на капацитетите на невладините организации и општинската администрација, а преку заедничкото делување и решавање на дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните во Општина Битола.

Проектот се имплементира преку програма за развој на Обединетите нации (УНДП), а финансиски е поддржан од Европската Унија.