Единствена точка на дневниот ред е јавната расправа на тема „Предлог-стратегија за родова еднаквост 2021-2026“.

Предвидени се обраќања на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска–Давкова, Ивона Пауновиќ-Бишевац од Канцеларијата на телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Светлана Цветковска од Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика.

Стратегијата за родова еднаквост се донесува за период од шест години и е четвртиот стратешки документ во оваа област. Со стратегијата се воспоставува сеопфатна рамка со активности за унапредување на родовата еднаквост и унапредување на статусот на жените.