Јетон Акику, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, во денешноито интервју за РСЕ вели дека тоа што му е зет на поранешниот функционер на ДУИ, Невзат Бејта, не било пресудно да стане прв човек на ова регулаторно тело.
– Директор не станав со унапредување, имаше оглас на кој што конкурирав. Двајца конкуриравме, во тој оглас комисијата која што е надлежна за избор на директор одлучи јас да бидам директор, гласи објаснувањето на Акику.
Тој на оваа позиција дошол како претходен раководител на финансиското одделение во АЕК, а за неговата политичка позадина вели дека „таа не би требало да игра никаква улога и дека не верува дека има врска со тоа“.