Нелегалната наградна игра која ја организираат Стефан Лазаров и Боки 13 отвори многу сомнежи во јавноста. Боки 13 по упадот на УЈП експресно се повлече од т.н. giveaway.

Јорданка Ивановска Јоци излезе со став по вчерашните настани:

Бокица, одма го „заболел” желудникот и рекол немал врска со настанот, бил само гостин, Лазаров бил тој што е организатор, хах. Одма го пуштил другар му низ вода.
Сосе спонзорите на неколки подкасти блиски до Боки, за кои цела чаршија зборува дека токму он им ги донел, хах.
🔴 За оние кои заборавиле, вака некако Боки почна да прави јавни шоуа пред СДСМ да дојде на власт. Делеше социјална помош, па као стан на социјални случаи, па потоа го отвори Меѓународен сојуз, му отворија телевизија, се сликаше со глупантропите од СДСМ и после знаеме што стана со рекети-мекети.
🔵 Изгледа Бокица мислеше пак ќе изиграва влада во сенка, ќе си игра дрндупка и ќе го вози ВМРО, исто ко оние телетабисите од СДСМ на кои им ги запечати политичките кариери со ,,луј витоните” кои најпоштената Рускоска ете – не ги најде каде се.
А, Боки продолжи само да раскажува прикаски со години, да најавува фами и као екслузивки, без да приложи реални докази за да спика некој во апс од телетабисите со кои се сликаше.