-Многу сум загрижена за извештаите дека луѓето, вклучувајќи и деца, се запрени во шумите и се во тешка ситуација на надворешните граници на ЕУ со Белорусија, рече еврокомесарката за внатрешни работи и миграција Илва Јохансон во барањето за средба со амбасадорите на трите земји во Брисел.
Полска, Литванија и Летонија соопштија за драстично зголемување на бројот на мигранти од Африка и Блискиот Исток, кои во последните месеци на нивна територија преминуваат од Белорусија.
ЕУ го обвини Минск дека намерно ја организира миграцијата со цел да изврши притисок врз Унијата и да предизвика криза, како чин на одмазда за санкциите наметнати врз Белорусија за кршењето на човековите права.