Најголемата населба Баби добива модерен и современ парк, истакна градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
-Од денес почнавме со дооформување на постоечкиот парк во поубава целина, со поставување на нова урбана опрема, нови детски реквизити, поставување на летниковци за рекреација и одмор и уште многу други содржини. Овој проект е во вредност од 4.500.000,00 денари и е реализиран во соработка со Бирото за Регионален развој, рече тој.
Јорданов посочи: „Ова е уште еден пример како во иднина секоја населба ќе ја урбанизираме и модернизираме“.