Градоначалникот Јорданов истакна дека благодарение на новата Влада, Штип бележи раст и развој преку бројни инфраструктурни проекти
Раст и развој на Штип се овозможува преку бројни инфраструктурни проекти, истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, на денешниот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“. Неговото обраќање беше дел од панел-дискусијата – „4 години инвестиции во инфраструктурата“. Јорданов посочи дека вложувањето во постоечката инфраструктура и создавањето на нова овозможува развој на општината. Новата Влада инвестира со проекти кои придонесуваат за раст и развој на регионот и државата.
„Вложувањето во инфраструктурата овозможува развој на локално, регионално и државно ниво. Изминатите години инвестиравме во одржување на веќе постоечката инфраструктура, но она што е значајно е што инвестиравме во создавање на нова инфраструктура која создава нова вредност и развој на општината и регионот. Благодарение на политиките на новата Влада, која веќе една година преку ресорните министерства вложува во локалната самоуправа и регионален развој, успеавме да започнеме реализација на инфраструктурни проекти со помош на Министерството за транспорт и врски. Тоа се нови водоводни мрежи и линии во комплетно нови населби кои ќе овозможат Штип да се развива и да расте“, рече Јорданов.
Тој додаде дека се вложува и во проекти кои ја поврзуваат општината со другите населени места.
„Успеавме да реализираме проекти со кои Штип полесно се поврзува со другите населени места. Коридорот 10 ќе овозможи побрз и поевтин транспорт, а компаниите и сопствениците на капитал ќе бидат мотивирани да инвестираат, да отвораат работни места и правопропорционално да се развива општината, регионот и државата“, заклучи Јорданов.