Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, вечерва во „Што не е јасно„ во Алфа телевизија, истакна дека градот Штип од каде што доаѓа е приватизиран од неколку фамилии олигарси кои си го распределуваат државниот капитал на сметка на народот, како и дека таквото владеење кое е одлика на СДСМ мора да се промени, локалните избори се тест проба за истото.
-Секогаш кога СДСМ е на власт одредена група на осиромашува за сметка на друга група на луѓе, олигарси кои што се поддржувачи на Социјалдемократскиот сојуз којшто го распределуваат државниот капитали екстремно се богатат, практично тие се финансиери на СДСМ кои секогаш кога доаѓаат на власт го мултиплицираат своето богатство и затоа тие и покрај сите скандали и афери секојдневни, се одржуваат на власт со поткупи и притисоци, возможното го прават возможно и граѓаните се исплашени за својата иднина, вели Јорданов.
Јорданов вели дека на тој начин се одржува власта, но е сигурен дека се повеќе власта ја губи поддршката од неопределените кои не сакаат да излезат на избори, едни се уценувани, на едни им велат сите се исти да не излегуваат на избори, а на тој начин само им се продолжува мандатот.
-Единствена казна на овие лоши политики е освестување на луѓето и оние кои се гневни од она што ми се случува во државата и масовно излегување на избори за да се направи промена, локалните избори се тест проба за тоа, на Штип и на штипјани им е потребна промена, затоа што градот е приватизиран од неколку фамилии, критикуваше Јорданов.
Тој додаде дека на градот мора да се врати на граѓаните и тие треба да одлучат во која насока ќе се движи градот, а не фамилиите на неколку олигарси да одлучуваат за иднината на граѓаните во Штип и во цела Македонија.
-Државниот капитал да не се дели само помеѓу тие фамилии на сметка на напатениот народ, тоа мора да се промени, затоа што тоа е одлика на владеењето на СДСМ, заклучи пратеникот Јорданов.