Кабинетот на бугарската претседателка Илијана Јотова соопшти дека на денешната средба со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова посочила дека Бугарија очекува Република Македонија да ги исполни европските критериуми за членство во ЕУ односно дека „мора да го спроведе францускиот предлог од 2022 година“.

Според Јотова, „ова се европски критериуми за членство, а не бугарски барања“.

– За да започне преговори, Скопје треба да ги исполни своите обврски со вклучување на Бугарите во својот Устав. Претседателката Јотова инсистираше на почитување на правата на македонските Бугари и ставање крај на говорот на омраза во Северна Македонија – се наведува во соопштението. (МИА)