На денешната собраниска седница констатирани оставките на премиерот Ковачевски и на спикерот Талат Џафери. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, на предлог на пратеникот Мартин Костовски, пак, е избран за нов спикер на законодавниот дом. Тој даде свечена изјава, по што ја презеде функцијата.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, претходно од собраниската говорница порача дека денес е голем ден затоа што досегашната власт почнува полека, но сигурно, да се руши како кула од карти.

Попладнево, претседателот Пендаровски треба да му го врачи мандатот на Талат Џафери за формирање техничка влада за спроведување на изборите.