Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кичево, д-р Александар Јовановски преку Фејсбук објава им се заблагодари на сите оние кои го дале гласот за него и неговиот тим и приота допринеле за заедничка победа во првиот круг на локалните избори.

– Пред се, сакам да се заблагодарам на Кичевчани. На сите оние кои на мирен и достоинствен начин излегоа на гласање и со тоа придонесоа нашата општина да не биде запомнета како некое партиско трло, туку како општина која заслужува светла и европска иднина.

Посебна благодарност до оние кои и покрај наредбите и притисоците покажаа храброст и истрајност и го дадоа својот глас за вистинската опција #КичевоПредСе

Во оваа прилика сакам да им честитам и на сите оние, а посебно на нашите сограѓани Албанци, кои покажаа голема храброст и се спротивставија на политичкото сивило префарбано во зелено кое веќе 20 години преку злоупотреба на демократијата, нацијата и на верата владее во Македонија. Храброста и праведноста се едни од најголемите доблести на човекот. Доблести кои може да ги препознае секоја вера, секоја нација и секоја визија. Сакам сите да знаете дека јас и мојот тим не се бориме Кичево да биде бастион на една нација, или една политичка опција, како што се обидуваат да го претстават нашите политички противници преку паролата „Кичево беше, и ќе остане албанско“. Не почитувани Кичевчани! Ние се бориме Кичево да остане кичевско. Да биде и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Ромите, Власите и сите останати кои живеат во него, пишува тој.

Во продолжение може да го прочитате во целост неговиот Фејсбук статус: