„Овие проекти можат да значат раздвижување, но ќе знаат единствено раздвижување на економијата, на ангажирање на работна сила и сл. ако тоа се направи како што треба“, истакна професорот Лазар Јовески во гостување во емисијата „За или против“ говорејќи за Коридорот 8 и 10Д.

Јовески додаде дека ако се злоупотреби проектот и на крај се излезе со афери, тогаш дефинитивно Македонија ќе има проблем бидејќи ќе значи уште едно разочарување на македонските граѓани. И ако се злоупотреби проектот и е испрелеткан во афери ќе е дополнителен уште еден стимул граѓаните да размислуваат да си заминат од Македонија.

„Уште не започнал проектот веќе гледаме дека има одредени проблеми, предизвици кои што стојат пред проектот“.

„Мојот стручен професионален аспект и размислување е што ќе се случи во рамките на работните односи во однос на кои луѓе ќе работат, нели актуелни беа прашањата и со увоз на работна сила, дали ќе бидат македонските градежници вклучени во работниот однос или ќе бидат странци“, истакна професорот Јовески.

Јовески запраша дали ги има потребните работници во рамки на пазар на труд во Македонија .

„Зошто го дозволивме ова? Зарем немавме и тоа како развиена градежна индустрија. Голем број на работници имавме, а денес работат по европските земји. Почнувајќи од регионот па се до западноевропските и скандинавските земји. Дали можевме поинаку“, запраша Јовески.