Добивката од редовното работење од 1 јануари до 30 септември 2021 година изнесува 79.286.643 денари.
-Позитивниот финансиски резултат и остварената добивка од 79.286.643 денари за првите девет месеци од 2021 година доаѓа како одраз на домаќинското работење во изминатиот период, стратешко планирање на инвестициите насочени кон подобрување и унапредување на работните процеси, како и вкупната делотворност на претпријатието. Тоа исто така е одраз и на професионалниот пристап и деталната финансиска анализа и план за приходите и расходите на претпријатието, изјави генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Душко Весковски.