Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје утре ќе работат од 07:30 до 15:30 часот, а наплатниот пункт во Сарај нема да работи, информираат од претпријатието.

-ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните на град Скопје. Согласно вашите потреби контактирајте не на 02/3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, Фејсбук или Инстаграм, се вели во соопштението.