Водовод Охрид ги отфрла наводите на првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, кој денеска изјави дека ова јавно претпријатие бара поскапување на водата за 70 проценти, истакнувајќи дека тоа нема реалност и дека РКЕ нема да дозволи јавните комунални претпријатија, не само во Охрид, туку насекаде низ државата, да бидат фабрика за вработување, бидејќи на крај ќе немаме вода.
Јавното претпријатие Водовод Охрид до Регулаторна комисија за енергетика на РСМ, согласно закон и Бизнис планот, достави информација за вкупните расходи и приходи врз основа на кои се утврдува цената на водата од страна на РКЕ. Бислимовски може добро да провери дека расходите на ЈП Водовод Охрид се единствено зголемени во однос на електричната енергија, додека бројот на вработени во ЈП Водовод Охрид во изминатиот период постојано се намалува. – стои во реакцијата на ЈП Водовод Охрид.
Од ЈП Водовод Охрид најавија дека, како и до сега, ќе ја почитува секоја одлука за тарифите на вода која ќе ја донесе РКЕ базирана на стручност, а не на политиканство.