Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење.

-АПЕЛИРАМЕ до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Енормно зголемената и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем, а како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот, се наведува во соопштението.

ЈП Водовод и канализација-Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода истите да ги пријават на еден од следните контакти:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
– kontakt@vodovod-skopje.com.mk
– www.vodovod-skopje.com.mk