Според информацијата од претставникот од ЈПКД „Турија“, за реализација на оваа активност, која опфаќа пополнување на дупките со чакал и тампонирање на улицата во целата должина, употребени се околу 15 м3 чакал.

На лице место беше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој направи увид во текот на денешната активност, која е само една од низата активности од комуналната сфера, со која директно се влијае врз подобрување на секојдневното живеење на граѓаните од општина Василево.