Откако Макекспрес минатата недела ги прекина автобуските линии 19, 20, 22, 52 и 54 поради, како што беше соопштено, неисплатени долгови од страна на ЈСП Скопје, од градското претпријатие соопштија дека ги преземаат овие линии, а со приватното претпријатите го раскинувале договорот.
Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник Макекспрес, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии.
Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје, соопшти Град Скопје.
Во соопштението се нагласува дека договорот со приватниот превозник се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз.
ЈСП Скопје и Град Скопје во ниту еден момент нема да дозволат корисниците на јавниот превоз да останат без услугата, независно од сите околности“, се нагласува во информацијата.