Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што денеска првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред
Од утре јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Денеска билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат. Од утре продолжуваат со вообичаено работно време.