ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои сообраќаат по саботен возен ред.
Жичницата на Водно во текот на следните четири денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, со тоа што нема да работи единствено во понеделник. Дополнително, користењето на автобуската линија 25, која вози на релација Транспортен Центар – Средно Водно, ќе биде бесплатно, како што секогаш е за време на викенди и празници.
Утре и в недела од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров, додека во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а понеделник ќе биде неработен за сите билетарници.