Ги потсетуваме возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, дека неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година.

Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација.

Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на автобуската постојка кај Педагошки факултет) и на Транспортен центар (на терминалот, во автобусот). Сите центри за персонализација работат од понеделник до петок од 6 до 19.30 часот, а во сабота од 7 до 19.30 часот.

За купување нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ се плаќа еднократен надомест од 200 ден, неопходна е лична карта на увид, а фотографирање се врши на лице место.

Возрасните лица при бесплатно користење на превозот имаат обврска да се валидираат, а во случај на линиска контрола да ја приложат „Скопска“.

Потсетуваме дека посочената категорија патници има право на бесплатен превоз секој ден, со месечен доплатен билет од 300 ден.

Бесплатниот превоз во вторник, петок, сабота и недела важи за жени над 62 години и мажи над 64 години и е согласно одлуката на Советот на Град Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет, стои во соопштението од ЈСП.