Јунајтед со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да избегнат метеж на аеродромите.

-Наглиот пораст на случаите со Омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродром, соопшти Јунајтед.

„Делта“ наведува дека „ги исцрпила сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионите и членовите на екипажот за извршување на редовните летови, пред околу 90 летови да бидат откажани за петок“. Делта како причини ги наведе можните лоши временски услови и влијанието на сојот Омикрон.

Извршниот директор на Делта, Ед Бастијан, во вторникот ги повика американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да ги олеснат упатствата за карантин за целосно вакцинирани лица кои биле заразени со коронавирус поради влијанието врз работната сила на авиокомпанијата. Бастијан повика да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена.

Барањето беше повторено во четвртокот од страна на Ерлајнс фор Америка, група која ги претставува главните превозници на товари и патници. ЦДЦ објави ажурирани упатства за карантин за здравствените работници вчера. Тој го намали периодот на изолација на седум дена за работниците кои биле позитивни на коронавирус, но асимптоматски, но им треба негативен тест за да излезат од карантин.