Тестот бил извршен минатата недела со нова, исто така локално развиена, подморница од 3.000 тони, опремена со шест вертикални цевки за лансирање, соопшти агенцијата, повикувајќи се на неименувани воени извори.

Ракетата е варијанта на Хјунму-2Б, со дострел од 500 километри. Планирано е да се произведе во голем број по дополнителни тестови.

Јонхап наведува дека тестовите на новите проектили треба да придонесат за подготвеноста на Сеул во одбраната од Северна Кореја.