Имено, иако веќе не е вообичаено како порано, месото од куче во Јужна Кореја најчесто го јадат постарите луѓе. Претседателот Мун рече дека премиерот Ким Бук-кум го информирал за напорите во врска со подобрувањето на третманот на напуштените животни и задолжителниот систем за регистрација на кучиња.
– По брифингот, тој рече дека е време внимателно да се разгледа воведувањето на забраната за потрошувачка на кучешко месо, рече портпаролката на Мун.
Ова е првпат претседателот Мун да разговара за овој вид забрана, што најверојатно ќе даде нов поттик на дебатата за тоа дали да се стави крај на јадењето кучешко месо во оваа земја.
Сточарското здружние исто така ја повика државата да ги затвори рестораните и пазарите што продаваат кучешко месо.
Истражување спроведено од здружението за заштита на животните „Свест“, објавено овој месец, покажа дека 78 отсто од испитаниците веруваат дека продажбата на месо од кучиња и мачки треба да се забрани, а 49 отсто ја поддржале забраната за јадење.